Посветеност, инспирација, успех!
Со исклучителна чест и гордост го споделуваме успехот на нашата наставничка по георафија, наставник ментор д-р Милица Патраклиева, која е избрана за Просветен работник на годината 2024/2025 год. за основно образование, во категоријата – предметна настава, од страна на Сојузот на просветни работници на Македонија. Ова признание е врвна потврда за нејзината професионална извонредност и долгогодишен придонес во унапредувањето на образованието.
Нејзината работа е симбол на посветеност, истрајност и искрена љубов кон професијата. Таа ја гради иднината преку своите ученици, ги инспирира колегите со менторската поддршка и поставува високи стандарди на квалитет и човечност. Со својата работа таа инспирира, мотивира и создава генерации ученици кои растат во одговорни, креативни и самоуверени личности.
Д-р Патраклиева е добитничка меѓу другите и на престижните признанија Просветен работник на годината 2023/2024 год. доделено од Здружението на просветни работници на Град Скопје, како и на престижното признание Најдобар наставник во регионот, доделено од Асоцијацијата на најдобри наставници и лидери во реионот.
За нас е привилегија што е дел од нашиот колектив и со својата визија и труд го возвишува угледот на училиштето. Ова признание е сведоштво дека нашето училиште е дом на извонредни наставници и силна образовна мисија.
Искрени честитки за заслуженото признание!
Ова е гордост на наставникот, за учениците и за целото училиште.

