Денови на Општина Карпош 2025г
Во согласност со Програмата за активности на Општина Карпош во областа образование за 2025 година, а по повод Денови на Општина Карпош, според активностите организирани од Одделението за образование, нашето училиште, ООУ „Лазо Трповски“, учествуваше во изборот на најдобра литературна творба на тема „Мојата општина“.
За таа цел учениците се потрудија да напишат поетски и прозни творби, под шифра. Учествуваа ученици од одделенска и од предметна настава и напишаа творби вредни за внимание. Горди сме на нивната посветеност и на вложениот труд, а уште повеќе на освоеното второ и трето место на конкурсот. Ви претставуваме дел од творбите на нашите литерати!
