81 година од ослободувањето на Скопје
Одбележување на Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември
Во чест на еден од најзначајните датуми од нашата историја, учениците од нашето училиште ООУ „Лазо Трповски“, подменторствонанаставничките Елена Јовановиќ и Љупка Чешмеџиевска, заедно со учениците од ООУ „Вера Циривири-Трена“, под менторство на наставничката Радмила Неделковска, присуствуваа на настан во Музејот на Град Скопје.
Во рамките на одбележувањето беше одржан историски час, а потоа учениците ги читаа своите творби инспирирани од борбата за слобода. На крајот од настанот учениците, заедно со своите наставници, ја разгледаа музејската поставка, запознавајќи се поблиску со настаните од 13 Ноември 1944 година.
Со ваквите активности ја чуваме жива меморијата за хероите кои го ослободија нашиот град и ја негуваме љубовта кон татковината.
#13Ноември #ОслободувањеНаСкопје #МузејНаГрадСкопје #Историја #Македонскијазик #ГордиНаНашетоМинато
