28
Фев, 2025
На конкурсот за ликовни и литературни творби на тема Заштита од пожари, во организација на Противпожарниот сојуз на Град Скопје за 2024 година, учениците од ООУ „Лазо Трповски“, Софија Јованоска и Викторија Талескаод 6а одд., Михаела Ническа, Камелија Спасоска и Анѓела Станојевиќ од 9б одд., учествуваа со свои литературни творби под менторство на наставничката по Македонски јазик, Љупка Чешмеџиевска.
Ученичката Викторија Талеска, во категоријата ученици од 6 до 9 одд., го освои првото место, а на свеченото доделување на наградите за ученици и ментори, таа, пред присутните гости и организаторите, ја прочита својата творба „Случка во ноќта“.
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.