Саем за наука
Како дел од проектот „Науката и Јас“ дел од учениците од ООУ „Лазо Трповски“ од 6 а и б заедно со проф. Даниела Радевска присуствуваа во основното училиште „Владо Тасевски“ каде се одржа Саемот за наука, кој се реализира во соработка со реномираната странска компанија „Џонсон Мети“ и невладината „Македонија 2025“. Саемот обезбедува простор за „натпревар“ на идеи, но уште поважно, служи како инспирација и мотивација за младите да се вклучат во науката. Дополнително, присуството на министерката за образование го збогати настанот, при што таа ја потенцираше важноста на соработката меѓу државните институции, невладините организации и приватниот сектор за унапредување на образованието. Оваа иницијатива е доказ дека преку вакви партнерства можеме да го разгориме интересот за науката кај најмладите и да изградиме генерации подготвени за идните глобални предизвици.