Креативна училница со г-ѓа Хилда Ефтимова
Како дел од проектот „Креативна училница“ гостин во нашето училиште беше г-ѓа Хилда Ефтимова, пензионерка од нашето соседство, по професија правник и долги години изработувач на разни видиви прекрасни рачни изработки.
Таа е извонредно креативна личност која неодамна иницираше преубава идеја за едно поинакво дружење со нашите ученици и шарена забава за малите детските рачиња.
Учениците од 4в одделение заедно со неа креираа преубави украсни човечиња изработени од волница и картон и привезоци по старата техника со тесто. Децата уживаа во креирањето и ги покажаа своите таленти во изработките, прашуваа, дискутираа, уживаа и даваа идеи и предлози за следната работилница.
Оваа иницијатива е само почеток на реализација на една убава идеја да се анимираат и ангажираат креативните пензионери од нашето маало. Лазо Трповски ќе биде првото училиште кое ќе ги соедини најмалите и највозрасите Карпошани во нашата „Креативна училница“.