Општински натпревар по англиски јазик 16.03.2024
На 16.03.2024 се одржа Општинскиот натпревар по англиски јазик за учениците од основните училишта во организација на Асоцијацијата на наставници по англиски јазик – ЕЛТАМ. Од нашето училиште ООУ „Лазо Трповски“ учествуваа десет ученици – натпреварувачи и ги постигнаа следните резултати:
Викторија Талеска 5то одд – трета награда
Кала Халича 5то одд – втора награда
Ана Антовска 6то одд – прва награда
Јована Батиниќ 6то одд – втора награда
Виктор Никифоровиќ 7мо одд – втора награда
Дариа Алексовска 7мо одд – прва награда
Калина Алексоска 8мо одд – втора награда
Димитар Качаниклиевски 9то одд – втора награда
Катерина Моцан 9то одд – втора награда
Според правилата, сите ученици кои освоиле I, II или III место на Општинскиот натпревар продолжуваат на Регионалниот натпревар. Им честитаме и посакуваме среќа и успех!
Предметни професори по англиски јазик,
Татјана Бошковиќ,Тамара Алаџајкова и Луција Зубац