11
Дек, 2024
На ден 10.12.2024 година во ООУ „Лазо Трповски“ учениците од 5а и 5б одделение имаа работилница за „Позитивни емоции и надминување на негативните емоции и другарство“, а на крајот изработија мини проекти во кои напишаа и песнички. Еве една песничка која ја напишаа во една од групите за време на работилницата:
„Другарството е сѐ и сешто,
за секого има по нешто:
црвено јаболко за Миле,
жолта круша оди кај Лиле,
грозјенце зрело е за Иле,
а овошја зрели за сите“.
Работилницата беше реализирана од страна на училишниот психолог Наталија Наумовска.
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.