Да читаме без дискриминација
Во рамките на одбележување на неделата на детето, го одбележуваме правото на секое дете да може самостојно да чита и да се описменува. Читањето ја подобрува концентрацијата, развива вербална интелегенција, го подобрува помнењето, го проширува вокабуларот на говорот, развива аналитички способности, го подобрува знаењето, го проширува видикот, го намалува стресот и развива емпатија, токму затоа се залагаме за остварување на правото на сите да добијат еднаква можност да читаат и да се описменуваат уште од рана возраст.
ПРАВОТО ДА ЧИТАШ НЕ Е ПОСЕБНА ПОТРЕБА ТУКУ ПРАВО НА СЕКОЈ ОД НАС !
Учениците работеа врз основа на ист медиум/сликовница, печатена со две писма: кирилчно видно писмо и кирилично Брајово писмо, со разиграни илустрации и римувани стихови наменети за ран детски развој. Оваа сликовница во исто време може да ја читаат и доживеат на свој начин: лица без оштетување на видот, слабовидни лица, лица со целосно оштетување на видот, но и родители или блиски роднини кои се слепи лица и задоволството сами да им ја прочитаат сликовницата на своите најмили е посебна и непроценлива привилегија за нив.
Гости на настанот беа учениците Филип Величковски и Тина Јакимовска од специјалното училиште за деца со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје кои читаа заедно со нашите ученици со помош на Брајовата азбука, а ни покажаа и како пишуваат со Брајово писмо.
Учесници во работилницата беа учениците:
- од 1б одд (одговорен наставник: Јана Стојановска),
- од 3-а одд (одговорен наставник: Розита Костова),
- од 3-б одд (одговорен наставник: Лидија Ангеловска),
- од 2-а одд (одговорен наставник: Јагода Ололовска).