Бистра Бојаџиевска 7б одд
Ученичката Бистра Бојаџиевска од 7б одделение во текот на школувањето, па и во оваа цела учебна година во нашето училиште, постигнува значајни резултати по сите наставни предмети. Таа е активна на сите полиња, талентирана , природно надарена за пишување, креирање. Има лидерски способности и изразен натпреварувачки дух. Поседува вродени потенцијали и изразена човечка хумана особина секогаш подготвена да помогне на послабите ученици. Многу пати донатор во хуманитарна акција во училиштето. Секогаш подготвена на предизвик за сите активности, конкурси, натпревари.
Таа е број еден по постигнување резултати, победник во секоја смисла на зборот. Неуморна е во својата ученичка работа и секогаш подготвена за учество во севкупните училишни активности. Бистра постојано внесува иновативни решенија за реализирање на предвидените цели во наставата, со изразен индивидуален, но и тимски пристап кон наставата.
Дава постојано свое мислење, одлична во решавање на математички предизвици, логика, изнајдување решенија на причинско-последичните односи во експериментирањето. Успешна во природните науки, има литературни и ликовни уметнички достигнувања. Секогаш активна во подготвувањето на манифестации во училиштето и надвор од него.Таа е движечка сила и мотиватор на учениците од одделението.
Воедно, паралелно со училишните активносто посетува и часови по пијано, игра шах, а одбојката и е омилен спорт.
Учество на натпревари и освоени награди:
Учебна 2014/2015 – 1 одделение
- Трето место на државен натпревар по Музичко за вокален интерпретатор 2014/2015
- Втора награда на меѓународен натпревар кенгур 19.03.2015
Учебна 2016/2017 – 3-то одделение
- Прва награда на меѓународен натпревар кенгур 16.03.2017
Учебна 2017/2018 – 4-то одделение
- Трета награда на регионален натпревар по математика 31.03.2018
- Пофалница на општински натпревар по математика 2018
Учебна 2018/2019 – 5-то одделение
Математика
- Прва награда на општински натпревар по математика 02.03.2019
- Прва награда на регионален натпревар по математика 13.04.2019
- Втора награда на меѓународен натпревар кенгур 21.03.2019
Информатика
- Втора награда на регионален натпревар по информатика 2019
- Прво место на државен натпревар по информатика 23.03.2019
Учебна 2019/2020 – 6-то одделение
Математика
- Прва награда на општински натпревар по математика 29.02.2020
- Прва награда на регионален натпревар по математика 04.07.2020
- Трета награда на државен натпревар по математика 22-23.08.2020
Информатика
- Второ место на регионален натпревар по информатика 7.03.2020
- Второ место на државен натпревар по информатика 2020
Пририодни Науки
- Прва награда на општински натпревар по природни науки 15.02.2020
- Прва награда на регионален натпревар по природни науки 27.08.2020
- Прва награда на државен натпревар по природни науки 30.09.2020
Учебна 2020/2021 – 7-мо одделение
Математика
- Прва награда на општински натпревар по математика 20.02.2021
- Прва награда на регионален натпревар по математика 13.03.2021
Информатика
- Второ место на регионален натпревар по информатика 06.03.2021
- Трето место на државен натпревар по информатика 20.03.2021
