Посета на Градоначалникот на општина Карпош
Кренати два прста, училишна табла, комуникација ученик – наставник. Тече наставата со физичко присуство (до трето одделение), а наставниците паралелно предаваат и онлајн за оние кои учат од дома.
Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, во посета на нашето училиште на 09.10.2020 година. Упати силна порака до сите:
„Ги повикувам училиштата, градинките да ги следат алгоритмите и навремено да комуницираат со здравствените власти, во случај на појава на заболено лице во воспитно – образовните установи.
Вирусот е дел од нашето најблиско опкружување.
Само со навремено информирање и комуникација со релевентните лица (служби на училиштето, матичен лекар, здравствени институции) можеме да спречиме ширење на Ковид – 19.“
