Брајан Авиа е уште една гордост на нашето училиште
Брајан Авиа е уште една гордост на нашето училиште, со која секако треба да се пофалиме!
Брајан е ученик од 8а одделение, кој започнал да се занимава со атлетика пред четири години.
За кусо време Брајан станува дел од репрезентот на полицискиот атлетски клуб 7 Мај.
Има учествувано на многу државни и меѓународни натпревари.
Сиот негов труд вложен во оваа спортска дисциплина го закитува со освоени награди во неколку дисциплини: 60м, 100м, 200м, 500м скок во далечина и фрлање на диск.
Брајан има освоено дури единаесет медали и седум дипломи.
Три медали за освоени прво место, пет за второ и три за трето место.
Неговиот успех и достигнување се голема надеж за македонската атлетика.
