Проектот за развој и унапредување МИО
Извештај од реализирана средба во рамки на „Проектот за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во образованието“
Во период од Септември до Декември 2019 год. учениците од четврто и петто одделение од ООУ „Лазо Трповски“- Карпош и од ООУ „ Лириа“ – Чаир под менторство на одделенските наставници од двете училишта, Лидија Ангеловска – Стефановска и Мејрем Туше, учествуваа во работилници со цел да научат дека другарството е најголемо богатство и дека различната национална припадност никако не смее и не може да биде пречка за другарување. Напротив, другарството се стекнува и задржува врз основа на внатрешните карактеристики кои ги носи секој од нас, како и врз основа на заедничките интереси.
Активностите се одвиваа во многу релаксирана и пријатна атмосфера. Учениците се познаваа од претходните средби, па низ разговор и дружење, уживаа во активностите и во добрата музика.
Учениците уживаа во работата, во одредени моменти, меѓусебно си помагаа, а на крај беа многу задоволни и среќни од сработеното. Активностите, како и целите на работилниците беа реализирани во целост.
На работилниците, со учениците се развиваше една многу убава и плодна дискусија во врска со другарството. Потоа учениците си разменија подароци (своите лични изработки ) за да си имаат спомен од прекрасната работа и другарување.
По завршување на работилниците, учениците упатија покани од своите другарчиња со желби за повторна средба, но и покана за почесто дружење во слободното време.
Раководители од ООУ „Лазо Трповски“ :
Татјана Бошковиќ
Соња Јовановска
Мирјана Патраклиева
Лидија Ангеловска – Стефановска
Раководител од ООУ „Лирија“:
Мејрем Туша
Соработник :
Лејла А. Аџами и Хабибе Сејфула
