Извештај од ученичка квизотека 2018
Информација
Од Ученичката квизотека 2018 за учениците од ООУ „Лазо Трповски“ Скопје
Традиционално и оваа година, Детскиот културен центар „Карпош“ ја организира и реализира „Ученичката квизотека 2018“ за деца од погорните одделенија (8 и 9).
Oваа година тоа го прави во соработка со Македонско Географското Друштво, а тоа подразбира и воведување на специјална рубрика „Географија на Република Македонија“.
Квиз натпреварот започна во 12.00 часот во просториите на ДКЦ „Карпош“ на 23.11.2017 година. Нашата екипа ја сочинуваат тројца ученици, а тоа се: Климентина Чаповска, Исидора Тримовска и Георгина Серафимовска. Ментор на екипата е наставникот по географија д-р Милица Патраклиева. Поддршката на учесниците ја даваа и група на ученици од нашето училиште.
Во натпреварот учествуваа ученици од четири основни училишта. Според постигнатите поени нашето училиште е на второ место со можност за понатамошно учество во квиз натпреварот. Учениците покажаа добри резултати и одлично се забавуваа.
Вториот круг на ученичката квизотека ќе продолжи во Февруари.
Професор по географија д-р Милица Патраклиева
Скопје, 24.11.2017 год.

