Едукативна посета на Сеизмолошката опсерваторија
Во рамки на проектот „Мапирање на потенцијални геохазардни подрачја со посебен акцент на сеизмолошки податоци“, на 23 Ноември учениците од V одделение од ООУ „Лазо Трповски“, со нивните одделенски раководители Надица Чапараткова, Јагода Ололовска и образовната асистентка Маја Николовска, во организација на Милица Патраклиева наставник по географија и наставник ментор, реализираа едукативна посета на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Целта на посетата беше учениците да се запознаат со земјотресите како природна појава и со мерките за заштита. Преку стручно предавање и интерактивна работилница тие стекнаа нови знаења за причините, мерењето и правилното однесување при земјотрес, со посебен осврт на сеизмичката активност во Македонија.
Оваа активност придонесе за подигнување на свеста, одговорноста и подготвеноста на учениците за справување со природни непогоди.
Голема благодарност до тимот на Сеизмолошката опсерваторија и проф. д-р Катерина Дрогрешка за поддршката и соработката.
