1 Април – Денот на шегата
Денес е денот кога се смееме погласно, се шегуваме почесто и внесуваме радост во секојдневието! 😊
По повод 1 Април – Денот на шегата, споделуваме дел од нашата весела прослава исполнета со креативност, смеа и позитивна енергија. 🎉
Учениците имаа можност да ги покажат своите најсмешни маски, да учествуваат во забавни игри и да споделат шеги кои нè насмеаја сите. Најкреативните и најдуховитите учесници беа наградени! 👏
🏆 За најкреативно одделение беше прогласено VII-б одделение.
🥉 Третата награда ја освои маската „Спартанец“, креирана од ученикот Стефан Бајдески (VI-в одд.).
🥈 Втората награда ја освои маската „Витез“, креирана од ученикот Даниел Димов (VII-а одд.).
🥇 Првата награда ја освои маската „Семејство“, креирана од учениците Павел Стефановски (во улога на Мајка), Дарин Тасевски (во улога на татко) и Андреј Новевски (во улога на бебе), сите ученици од VIII-а одделение.
Уште еднаш покажавме дека смеата е најдобриот лек и дека со малку хумор можеме да го разубавиме секој ден! 😄✨
