1 Април – 50 години на Општина Карпош
ПРВИ АПРИЛ ДЕНОТ НА ШЕГАТА
МАЛИТЕ КАРПОШАНИ ШИРАТ ЉУБОВ ЗА КАРПОШ
По повод педесетгодишниот јубилеен роденден од формирањето на Општина Карпош, вкупно 50 ученици од сите десет основни училишта од територијата на општината учествуваа во групната маска со костим – срце ,,Со љубов од Карпош“, на традиционалната градска манифестација, организирна од Детскиот културен центар ,,Карпош“. Оваа градска манифестација беше под покровителство на Град Скопје по повод 1 Април – Денот на шегата.
Нашето ООУ ,,Лазо Трповски“, беше дел од оваа прекрасна манифестација, на која учествуваа ученички од 5б одделение заедно со нивниот одделенски наставник. Ученичките беа пречекани и поздравени од градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, како и подоцна на Априлијадата ги пречека градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
Ученичките беа презадоволни покрај тоа што ја покажаа својата групна маска тие уживаа во забавниопт дел низ игра и смеа во изведбите на детските музички и танцовни настапи.
