Ден за подигање на свесноста за аутизмот
По повод одбележувањето на Денот за подигање на свесноста за аутизмот, во нашето училиште беа реализирани низа работилници организирани од страна на образовните асистенти и дефектологот. Преку креативни активности, разговори и заедничка работа, учениците имаа можност да научат повеќе за аутизмот, но и да ја почувствуваат важноста на прифаќањето и меѓусебната поддршка.
Целта на овие активности беше да се испрати јасна порака – дека иако сме различни, сите сме вредни, способни и заслужуваме да бидеме прифатени. Различноста не нè разделува, туку нè збогатува.
Учениците покажаа интерес, емпатија и желба за дружење, со што уште еднаш се потврди дека децата најлесно учат да сакаат и да прифаќаат кога им се даде вистински пример.
Заедно учиме дека треба да си помагаме, да се почитуваме и да градиме средина во која секое дете се чувствува прифатено и среќно.
Не сме различни – заедно сме посилни.
