Никола Радоњанин учествуваше на Светското училишно првенство во шах
Никола Радоњанин од ООУ „Лазо Трповски“ учествуваше на Светското училишно првенство во шах, кое се одржа од 20 до 29 Март годинава во Врњачка Бања, Србија. На првенството учествуваа 460 ученици, а Никола со 3 победи, 3 ремија и 3 порази го освои 29. место.
Деветтоодделенецот е двократен државен училишен првак во шах во категоријата на ученици од шесто до деветто одделение. Тој на првенството успешно ја претставуваше Македонија во својата возрасна категорија (во која настапија вкупно 50 ученици).
Инаку Никола Радоњанин минатата година успешно учествуваше на неколку силни шаховски турнири, и тоа: во Септември на Меѓународниот шаховски турнир „Езерска кралица“ во Охрид освои прво место во возрасната категорија 14 години; на Скопје Опен 2024 го освои второто место во возрасната категорија 14 години.
Во Март минатата година на турнирот Карпош Опен е прогласен за најдобар шахист, жител на Општина Карпош.
Стефан Симовски
