Важноста на физичката активност за развојот на младите
На 06.10.2025 г во нашето училиште во 7а и 7б одд. се одржа едукативно предавање на тема „Важноста на физичката активност за развојот на младите“, со цел да се поттикне здравиот начин на живот и свеста за значењето на редовното движење кај учениците.
Предавањето го одржа проф. д-р Горан Никовски – професор по предметот спорт и спортска рекреација на Факултетот за физичко образование спорт и здравје, кој наинтересен и практичен начин ги запозна учениците со бројните придобивки од физичката активност – како што се правилниот физички развој, подобрената концентрација, намалувањето на стресот и развивањето на позитивни навики уште од најрана возраст.
Учениците активно учествуваа во разговорот, поставуваа прашања и споделуваа сопствени искуства, а преку примери и кратки вежби се потсетија колку е важно движењето во секојдневниот живот.
Со ваквите активности училиштето продолжува да ја негува свеста за здравјето и благосостојбата на младите, охрабрувајќи ги да изберат активен и здрав начин на живот.