Нека ни е честит патрониот празник!
Денес, 11 Април 2025 г., се одбележува патрониот празник на нашето училиште „Лазо Трповски“, кое гордо го носи името на човекот што го посвети својот живот на борбата за слобода на Македонија. Празникот го одбележуваме скромно и достоинствено, со активности во рамките на училиштето, со кои се опфатени сите ученици и наставници од предметна и од одделенска настава, меѓу кои: запознавање со животот и делото на Лазо Трповски и неговите залагања, средување на училишниот двор во рамките на еко-активностите, средување на училниците со цел создавање попријатна атмосфера за работа, ликовни активности, работилници, одделенски дружби и сл.
Затоа да си посакаме уште многу успеси во годините што ни идат, на секое поле и за целиот вложен труд на нашите наставници и ученици, со следниве стихови:
„Твојта снага не угасна,
твојто име порасна.“
