Недела на подигнување на свесноста за аутизмот
Сите деца имаат свои соништа и желби, а начинот на кој ги остваруваат ги дефинира како личности. Како возрасни, ние, мораме да им дадеме доволно простор за да се изразат, да ги поддржиме во нивните мали подвизи и да им покажеме дека не постојат граници, дека можат да бидат сѐ што ќе посакаат!
Но, кога ограничувањата доаѓаат во форма на попреченост, тогаш сликата ја боиме со малку поинакви бои, а работите добиваат поинаков контекст.
2 Април е Светскиот ден на свесноста за аутизмот, ден кој нè потсетува дека околку нас има лица кои не смееме да ги заборавиме и лишиме од општествените процеси, од времето и просторот кои им се потребни, интеграцијата и инкулизјата.
Учениците од I – в одделение заедно со своите наставници Жане Шаркова и Милан Руфчески преку низа активности се вклучија во кампањата на ОУРЦ “Д-р Златан Сремец” – Скопје за прифаќање и подигнување на свесноста за Аутизам “Среќно патувам низ животот”.
#ourczlatansremec #AutismDay2022 #HappyJourneyThroughLife #ooulazotrpovski
