Божиќната магија и традиција на Италија

На ден 25.12.2024 година на часот по италијански јазик со учениците од 7а и 7б одделение и наставничката Сања Ваневска се реализираше работилница насловена „Божиќната магија и традиција на Италија“, преку која учениците се запознаа со традицијата и културното богатство на Италија и италијанскиот јазик.

Работилницата ја реализираа професор Бранка Гривчевска, Претседател на Здружението и професор од Катедрата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје и студенти од четврта година.