Работилница 5а и 5б одд.
Сре, 11/12/2024
На ден 10.12.2024 година во ООУ „Лазо Трповски“ учениците од 5а и 5б одделение имаа работилница за „Позитивни емоции и надминување на негативните емоции и другарство“, а на крајот изработија мини проекти во кои напишаа и песнички. Еве една песничка која ја напишаа во една од групите за време на работилницата: „Другарството е сѐ и сешто, за секого има по нешто: црвено јаболко за Миле, жолта круша оди кај Лиле, грозјенце зрело е за Иле, а овошја зрели за сите“. Работилницата беше реализирана од страна на училишниот психолог Наталија Наумовска. |