Меѓународен ден на лицата со попреченост

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост во ООУ „Лазо Трповски“ на ден 03.12.2024 се одржа работилница под мотото „Различностите не се бариери, туку можности за сите“, а децата изработуваа разнобојни срциња и детски лица кои ја симболизираа различноста и сличноста меѓу нив. Работилницата беше реализирана од асистентите во нашето училиште со деца од I, II, III, IV и V одделение.