Никола Радоњанин државен првак во шах
Пон, 02/12/2024
Никола Радоњанин го освои првото место на Државното првенство во шах Никола Радоњанин од ООУ „Лазо Трповски“ го освои првото место на Државното првенство за основни училишта во шах (во категорија за ученици од шесто до деветто одделение), кое се одржа на 28 ноември годинава во Ресен. Во оваа возрасна категорија годинава на првенството се натпреваруваа досега најголем број натпреварувачи, вкупно 60, а деветтоодделенецот го освои првото место без загубена партија. Организатор на првенството е Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а Никола на првенството, согласно пропозициите, беше предводен од менторот Стефан Симовски. Инаку Никола Радоњанин годинава успешно учествуваше на неколку силни шаховски турнири, и тоа: во септември на Меѓународниот шаховски турнир „Езерска кралица“ во Охрид освои прво место во возрасната категорија 14 години; на Скопје Опен 2024 го освои второто место во возрасната категорија 14 години. Во март годинава на турнирот Карпош Опен е прогласен за најдобар шахист, жител на Општина Карпош. Стефан Симовски |