Влијанието на мобилните телефони
Пет, 22/11/2024
Учениците од деветто одделение на часот по Англиски јазик имаа работилница со наслов „Предностите и негативните страни на мобилните телефони“. Веднаш по видео часот, се поделија во тимови и своите идеи ги пренесоа на хамер. Нивните заклучоци се дека придобивките од модерната технологија се огромни, но истовремено и штетни. Работилницата заврши со разговор околу заштитата од несаканите ефекти од мобилните телефони, опасностите од социјалните мрежи и подигнување на свеста за претпазливост како за својата, така и за помладата генерација. Предметен наставник: Татјана Бошковиќ |