Посета на Собрание

На 21 ноември 2024 година учениците од седмо одделение, заедно со наставничките Елена Јовановиќ и Тамара Алаџајкова, го посетија Собранието на Р.С. Македонија. Оваа едукативна посета беше организирана со цел да се запознаат со работата на институцијата и важноста на демократските процеси. Учениците имаа можност да се запознаат со структурата на Собранието, процесот на донесување на закони и улогата на пратениците во донесувањето одлуки кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните. За време на посетата, тие ги разгледаа просториите за одржување на седници. Учениците покажаа голем интерес за работата на оваа важна институција и активно учествуваа во разговорите и дискусиите со претставниците на Собранието. Со оваа посета, учениците не само што научија за функцијата на Собранието, туку и го проширија своето разбирање за граѓанската одговорност и значењето на активното учество во демократските процеси.