Одбележување на 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје
Чет, 14/11/2024
По повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје пред споменикот на Првиот Скопски Партизански Одред се одржа настан во таа чест каде што присуствуваа учениците од седмо и осмо одделение од нашето училиште “Лазо Трповски”. Сојузот на борците на Македонија на Општина Карпош организираше програма каде што учениците засадија 40 дрвца, се положи цвеќе пред споменикот и доделени беа дипломи за осовените награди на литературнуот конкурс на тема “80 години слободно Скопје”. Од ООУ „Лазо Трповски“ за освоено трето место беше наградена Славица Јованоска ученик од осмо одделение. На свечениот настан присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош - Стевчо Јакимовски а учениците беа предводени од директорот на училиштето Соња Јовановска заедно со наставничките Елена Јовановиќ и Анамарија Николовска. |