Работилници
Саб, 09/11/2024
На ден 1.11.2024 (петок) и 8.11.2024 (петок) учениците од IV a и IV б од ООУ „Лазо Трповски“ имаа работилници за „Позитивни емоции и другарство“ со психологот Наталија Наумовска. Тие научија нешто повеќе за емоциите, кои се негативни, а кои позитивни емоции, како да ги победат негативните емоции, што значи добро, а лошо другарство како и многу други корисни информации поврзани со темата. Во склоп на работилницата направија изработки на тема „Другарство“. |