Посета на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
Саб, 09/11/2024
Во рамките на предметната програма по Природни науки на ден 8.11.2024 год. учениците од 5б и 5в одделение при ООУ „Лазо Трповски“ Скопје, во организација на Милица Патраклиева професор по географија и училишен ментор, заедно со одделенските раководители Елисавета Лафчиска, Александра Неделковска и образовната асистентка, реализираа посета на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Истата ја одржува сеизмолошката мрежа на државата, набљудува и дава научни анализи на сеизмичката активност, врши одредување на ризикот и ги објаснува податоците на сеизмичките појави. Целта на посетата беше учениците да се запознаат со работата на сеизмолошката опсерваторија, да ги прошират своите сознанија за земјотресите како природна појава која не може да се предвиди но може да бидат со катастрофални последици, кои се мерките за заштита за лична безбедност, но и да се зголеми нивната свест околу подготвеноста за земјотресите. Учениците научија за сеизмолошката инструментизација во 4 генерации. Презентацијата содржеше голем број на интересни информации, видео материјал, фотографии кои беа корисни за учениците со акцент на земјотресите во Македонија но и во светот, а истата побуди многу прашања од страна на учениците на кои добија исцрпнии интресни одговори од стручните лица. Посетата ги инспирира учениците да се насочат кон истражување од ова подрачје. Токму поради фактот дека градот Скопје се наоѓа во сеизмичка зона и претставува трусно подрачје, професорката Патраклиева укажа на потребата од редовна едукација од оваа област, можноста за понатамошна соработка со Сеизмолошката опсерваторија и учество во активности со цел проширување на сознанијата кај младите за земјотресите и заштитата од нив. Упатуваме голема благодарност до Сеизмолошката опсерваторија и на Професорката д-р Катерина Дрогрешка и Асистентоите Љубчо Јованов, Моника Андееска и Ивана Молеровиќ, кои ни ја овозможија посетата на учениците и ги запознаа повеќе со сеизмологијата, сеизмолошките инструменти и станици, за подеталните следења на параметрите на сеизмичноста во Македонија и за поуспешна заштита од земјотресите. |