Општината ги награди талентираните ученици и наставници

Во рамки на манифестација во пресрет на 48 – миот роденден на Општина Карпош (3. ноември), градоначалникот Јакимовски им ги врачи наградите на осум ученици и 10 наставници – ментори во вид на еднократна финансиска поддршка во висина од 7.500 денари поединечно, за постигнатите резултати во областа на образованието. Станува збор за осум основци од Карпош кои го освоија првото место на државните натпревари кои беа организирани од акредитирани здруженија, од областа на природните науки, англиски и германски јазик, математика, хемија и музичко образование.
Од ООУ „Лазо Трповски“ беше награден ученикот Максим Станоев ученик од 7 одд. и проф. по Биологија Даниела Радевска.