Посета на минеролошка изложба во Природонаучен музеј на Македонија

По повод 98 години постоење на Природонаучен музеј на Македонија, ученици од деветто одделение при ООУ „Лазо Трповски“, во организација на професорката по географија и училишен ментор д-р Милица Патраклиева  присуствуваа на отварањето на минеролошката изложба во рамките на Природонаучниот музеј на Македонија.

Природонаучниот музеј на Македонија има важна улога во промоцијата на трајните природни вредности на државата. Геолозите се тие кои ги откриваат, истражуваат тајните што ги кријат минералите со милиони години и ги пртставуваат на светската јавност, во насока на негување на традицијата и истата да се пренесе на идните генерации.

Академикот Проф. д-р Блажо Боев даде прекрасно излагање за изложбата и нејзиниот автор м-р Билјана Карамачоска, геолог и кустос во Природонауниот музеј на Македонија, која вложила огромен напор да направи прекрасна презентација на дел од нашето природно богатство, минералите од Пелагонискиот масив. Тој изрази огромно задоволство што беа присутни ученици на настанот кој смета дека ќе биде поучно за нив и вредно, а во иднина да се зголемува нивниот број во насока на пренесување на природното наследство на нашата држава.

Учениците имаа можност да ја проследат интересната минеролошка изложба на минерали од Пелагонискиот масив. Воедно ги разгледаа геолошко-палеонтолошката изложба, ботаничката, ентомолошката, изложбата на без’рбетниците, на рибите, водоземците, влекачите, птиците и на цицачите.

Оваа активност е дел од програмата за воннаставни активности по предметот Географија и Природни науки.

Благодарност до м-р Билјана Карамачоска, наш родител, за нејзината покана да присуствуваме  на отварањето на изложбата. Ни беше чест и задоволство што ученици од нашето училиште беа дел од настанот. Посетата беше од големо значење за нив при што стекнаа и ги проширија своите знаења, во насока на негување и чување за природното богатство на нашата земја.