Едукативна работилница за учениците од 9-то одд.

Во рамки на воннаставните активности по предметот географија на 22.10.2024 година во ООУ „Лазо Трповски“, во организација на д-р Милица Патраклиева, се реализираше едукативна работилница за учениците од 9-то одделение, од страна на претставници од ИЗИИС Скопје, со цел за зголемување на свеста за заштита од земјотресите.

Работилницата беше со времетраење околу час и половина на која се одржа предавање на тема „Земјотресите, објектите и ние“, се водеше разговор со учениците на повеќе теми: што се земјотресите, какви видови постојат, кои се причините и последиците од нив, каде се случуваат најголем број од земјотресите, колку сме изложени на нив и кој е ризикот од земјотреси со кој живееме. Голем интерес предизвика кај учениците и делот за безбедноста на зградите во случај на земјотрес. Учениците имаа прилика преку повеќе модели да набљудуваат симулација на дејство на реален земјотрес.

Предавањето им помогна на учениците во надградување на нивните знаења,важноста на ризикот од појавата на земјотресите, стекнување вештини за заштита од земјотресите и како да се постапи за време на земјотрес во училиштето.На тој начин се подига и зајакнува свеста кај учениците и се подобрува нивната подготвеност во случај на земјотреси.

Упатуваме голема благодарност до Проф. д-р Марија Витанова, Асист. Јован Трајчевски, Асист. Елена Делова и Асист. Забедин Незири од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија што ги инспирираа учениците за  истражување во областа на земјотресното инженерство. Посебна благодарност до професорката д-р Витанова за нејзиното интересно предавање, интерактивност со учениците со надеж дека ќе продолжиме и во иднина со меѓусебна соработа преку  вклученoст вопонатамошните активности на ИЗИИС.