Посета на Природонаучен музеј на Македонија
Пон, 21/10/2024
Учениците од петто одделение при ООУ „Лазо Трповски“ Скопје, во организација на професорката по географија и училишен ментор д-р Милица Патраклиева како и образовниот асистент Виктор Јаневски, реализираа посета на Природонаучниот музеј на Македонија каде учениците имаа можност да се запознаат со тековните активности, научно истражувачки проекти, изложбена дејност, како и на заштита на природните богатства на Македонија. Природонаучниот музеј на Македонија има основна улога на колекционирање, депонирање, заштита и презентирање на природното богатство на Македонија. Оваа активност е дел од програмата за воннаставни активности по предметот Географија и Природни науки. Учениците ги разгледаа геолошко-палеонтолошката изложба, ботаничката, ентомолошката, изложбата на без’рбетниците, на рибите, водоземците, влекачите, птиците и на цицачите. Учениците во Природонаучниот музеј беа повеќе запознаени со животинскиот свет и ендемичните видови кои постојат во нашата земја, а се изложени во најстариот музеј на Македонија кој е отворен во далечната 1963 год. Учениците ги видоа и големиот број на минерали и карпи, ја проследија и презентацијата на карпите врз основа на нивниот начин на постанок и видови карпи магматски, седиментни и метаморфни од страна на кустосот м-р Билјана Карамачоска. Околу 110 примероци од минерали се изложени во постојаната музејска поставка. Учениците беа љубопитни и поставуваа интересни прашања на кустосот. Посетата беше од големо значење за учениците при што стекнаа и ги проширија своите знаења за природното богатство на нашата земја. |