Недела на борба против гладта

Хуманитарната акција организирана од Црвениот крст под мотото „Помислете и на нас“ во ООУ „Лазо Трповски“ е во тек

Училиштето „Лазо Трповски“ – Карпош во рамките на активноста на Црвениот Крст на Република Северна Македонија кој ја одбележува Неделата на борба против гладта под мотото „Помислете и на нас“ од 16 октомври (среда) ја започна собирната хуманитарна акција за вработените, децата/учениците и родителите.
За време на собирната акција може да се собираат прехрамбени производи (основни прехрамбени продукти кои имаат долг рок на траење, не се чуваат во фрижидер и се целосно спакувани, пример: тестенини, шеќер, брашно, масло, млеко, зејтин, конзервирана крана), хигиенски производи (основни продукти за општа и лична хигиена, пример: четка и паста за заби, шампон, сјај за садови, течен сапун), училишен прибор, сочувани играчки и книги.
Собирната акција ќе трае до 04 ноември 2024 година. По тој повод Ве повикуваме сите кои сте во можност да се приклучите во оваа активност за заеднички да доринесеме таму каде што е потребна нашата помош.