Светски ден на наставниците

Светскиот ден на наставниците ширум светот се прославува секоја година на 5-ти октомври.
Негова цел е да ја уважи работата на наставниците и истата да ја прикаже како една од најважните за севкупниот развој на општеството.
Вистинскиот наставник остава неизбледлив траг во срцата на неговите ученици.
Со таа цел, генерацијата второ одделение 2023/2024 при ООУ „Лазо Трповски“ општина Карпош, Скопје, го честитаат Светскиот ден на учителот!