Светски ден на наставниците
Чет, 03/10/2024
Да се биде наставник е привилегија, предизвик, голема одговорност, но и задоволство да се работи со генерации ученици кои ги гледате како растат, созреваат и стануваат зрели личности. Во сабота (5-ти октомври) се одбележува 5-ти октомври – Светскиот ден на наставникот, со кој им се оддава признание, важност и почит на сите наставници ширум земјината топка. По тој повод, од ООУ „Лазо Трповски“ со следново видео сакаме да им го честитаме денот на сите наставници во нашата земја ставајќи им до знаење колку се значајни во нашите животи. |