27-ми Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија

Професорот по хемија, Даниел Николовски, од нашето училиште, го претстави своето истражување на меѓународно ниво на 27-от Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија, кој се одржа од 25 до 28 септември во хотел Метропол, Охрид. Овој конгрес, кој обедини учесници од повеќе земји, претставува значаен настан за размена на научни знаења и нови откритија во областа на хемијата и технологијата.
Професорот Николовски, како единствен претставник од сите училишта во државата, се истакна со својот труд под наслов „Evaluating Green Chemistry Education through Students Intervention“. Во својата презентација, тој ги претстави резултатите од истражувањето кое вклучуваше ученици од основното образование и нивното учење преку активности поврзани со зелената хемија. Фокусот на трудот беше на тоа како едукативните интервенции можат да влијаат на подлабокото разбирање на учениците за одржливоста и хемиските процеси кои ја поддржуваат истата.
Ова признание е од огромно значење за нашето училиште, кое постојано се стреми кон иновации и подобрување на наставните методи. Учеството на професорот Николовски на ваков значаен меѓународен настан е потврда за високото ниво на работа и посветеност на нашата наставна заедница кон напредокот на учениците и науката.