Посета на МСУ
Вто, 04/6/2024
На 23.04.2024 учениците од 8б одделение заедно со својот класен раководител Татјана Бошковиќ го посетија Музејот на Современата Уметност каде што посетија две изложби: Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024 и Се што ни е заедничко. Преку едукативни и интересни факти кои ги презентираше водичот Бојана Јанева, учениците се запознаа со трајниот споменик на творештвото на над 1900 уметници – донатори од 70 земји од светот, кои по земјотресот од 26 јули 1963 година со своите донации на уметнички дела и со чинот на солидарноста, го почестија градот Скопје и граѓаните на целата земја. Оваа изложба проследува една хронологија на настаните почнувајќи од 1963 година како нулта точка, преку формирањето на институцијата во 1964 година, изградбата и отворањето на Музејот во 1970 година, па до најактуелните изложби како меѓународната изложба „Сѐ што ни е заедничко“ и самостојните изложби на светски уметници. Изложбата е дел одбележувањето на шесетгодишнината од основањето МСУ – Скопје. |