Регионален натпревар по хемија
Сре, 17/4/2024
Одлични резултати од регионалниот натпревар по хемија одржан на 13 април на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во 9 одделение - Александар Николовски - Драган Бошковски - Андреа Камчева Велкова - Давид Илиоски Сите освоија прва награда со перцентил од 97% од сите можни бодови! Ученичката Катерина Моцан освои втора награда со перцентил од 90% од сите можни бодови! Во 8 одделение Анѓела Станојевиќ освои втора награда. Учениците Берк Ѓунеш, Јован Србаков, Никола Радоњанин и Калина Алексоска добија пофалници за успешно учество. Со вкупно освоени четири први награди и две втори нашето училиште е едно од најуспешниот во Скопскиот регион! Им честитаме на сите ученици и им посакуваме уште поголем успех на државниот натпревар! Предметен наставник: проф. по хемија Даниел Николовски |