ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА

ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА – Кога би бил/била
Мојата идна професија
 
Учениците од 1в одделение во организација на нивните одделенски наставнички Надица Чапараткова и Мартина Трајковска, во соработка со родителите на одделението реализираа едукативна работилница под мотото: „Кога би бил/ била“.
По тој повод беше повикана медицинската сестра Жанета Котевска од одделот на Кардиологија за срцеви заболувања, со која учениците следеа едукативно предавање во согласност со нивната возраст. На предавањето учениците следеа и мала демонстрација преку која се запознаа како е да се биде медицинска сестра, како да се заштитиме од срцевите заболувања, кои инструменти и лекарства ни се потребни за да се заштитиме.
Учениците уживаа и го следеа предавањето со исклучително внимание. При крајот на предавањето учениците беа пријатно изненадени, секој од нив доби поклонче медицинска капа со која се сликаа.