Гостин - поетесата и училишниот психолог Наталија Наумовска

На час по македонски јазик во 4б одделение кај наставничката Елисавета Лафчиска, гостин беше поетесата и училишниот психолог Наталија Наумовска која им раскажа на учениците за инспирацијата да ја напише песничката „Пеперутка во лет“ што се обработува во училишната програма по македонски јазик во учебниците за четврто одделение. Учениците ја слушаа песничката на YouTube каналот, ѝ поставуваа прашања на поетесата, а потоа ја обработија песничката со наставничката и извлекоа важни поуки и совети што ќе им служат за цел живот. Како за заокружување на часот, учениците ги препишаа според нив најубавите стихови и нацртаа соодветни цртежи што ги опишуваат истите.