Општински натпревар по Природни науки
Пет, 01/3/2024
На Општинскиот натпревар по Природни науки одржан на 23 февруари 2024 год. во организација на Македонско биолошко друштво - Скопје, под менторство на проф. д-р Милица Патраклиева, учествуваа четворица ученици од 5 - то одделение при ООУ „Лазо Трповски“ и ги постигнаа следните резултати: Михаил Ангелов освои прва награда со 93 бода, Калин Ѓуровски прва награда со 89 бода, Викторија Талеска прва награда со 85 бода и Ангела Костеска трета награда. Овие високи резултати им овозможија пласман на Регионалниот натпревар кој ќе се одржи во април 2024 година. Им посакуваме успешна работа и одлични резултати! |