Кога децата сонуваат, тие се едноставно среќни. Ја споделуваме творбата на ученикот Павел Стефановски, ученик од 6а одд на тема „Иднината од моите соништа“. „Иднината од моите соништа“ Сонот, таинствен свет кој го истражуваме додека сме покриени во темнина. Има огромна моќ да го прави животот поубав. Секоја ноќ додека сонуваме се отвора вратата кон свет на безгранични можности и фантазии. Сонот не е само пауза од реалноста, туку и нова димензија која ја истражуваме секоја ноќ. Во светот на соништата, ние стануваме истражувачи, авантуристи и творци. Затоа не е лошо понекогаш да се препуштиме на сонот и да му дозволиме да стане наш водич во светот на возможното и невозможното. Јас сакам кога ги сонувам моите најголеми желби. Hо една е најголема,а тоа е да станам фудбалер. Кога сонувам како станувам фудбалер,така почнувам да верувам дека тоа е возможно, дека еден ден навистина ќе биде реалност. Тоа ми е поттик да работам напорно за да можам да ги достигнам височините кои за сега ми ги исполнуваат само соновите. Како и секое друго момче на овој свет кое е во период од дете да премине во возрасна личност,така и јас имам многу жeлби. Различни желби. Но, една желба која е пред сите и која постојано гори во моето срце,е желбата да бидам успешен фудбалер. Од кога знам за себе играм фудбал. Секој ден ги гледам професионалните фудбалери и се обидувам од нив да научам нешто повеќе. Секогаш кога на малите екрани го гледам мојот омилен фудбалер, посакувам да бидам како него. Да ја претставувам мојата држава,Северна Македонија на европските и светските првенства, да давам голови и заедно да совладуваме големи фудбалски сили. Сакам да ме гледаат луѓето од целиот свет: Африка, Азија, Австралија.......... и да навиваат за мене и замојата држава. Иако тоа е само сон,јас верувам дека ќе се оствари и ќе играм за Реал Мадрид. Иако во сонот сè е возможно и тој е како чудесна магија.Најчудесно е што знаеме дека тој сепак може да биде нашата најголема реалност. Павел Стефановски VI а-одделение ООУ Лазо Трповски, Скопје |