Литературен конкурс
Чет, 07/12/2023
По повод претстојниот празник „Св Климент Охридски“ ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје, библиотека „Другарче“ традиционално секоја година организира литературен конкурс. Оваа година учениците пишуваа на тема: „Иднина од моите соништа“. Вложениот труд секогаш вродува плод, а пишаниот збор волшебни врати отвора. Ова се учениците и менторите кои добија награди: Лара Станчева IX a - Гран При за поезија, ментор Елена Тодоровска Андреј Андоновски VI а - прва награда за поезија, ментор Даница Ласкова Максим Станоев VI а - прва награда за проза, ментор Даница Ласкова Симона Костовска IX б - втора награда за поезија, ментор Елена Тодоровска Анѓела Станојевиќ VIII б – трета награда за проза, ментор Даница Ласкова |