Златно славејче 2023

На ден 23 ноември (четврток) учениците од трето и четврто одделение го посетија детскиот музички фестивал „Златно славејче 2023“. Учениците со нетрпение го очекуваа овој настан, особено поради настапот на нивната соученичка Илина Ефремов. Исполнети со задоволство и среќа своите импресии ги изразуваа со пеење на песничките, преку ликовни илустрации и возбудливи раскажувања за настанот.