Учество на Четвртата меѓународна конференција по математика, физика и сродни науки
Пон, 27/11/2023
Нашиот Даниел Николовски наставник по хемија при О.О.У. „Лазо Трповски“, зеде активно учество на Четвртата меѓународна конференција по математика, физика и сродни науки која се одржа на 24, 25 и 26 ноември 2023 на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Трудот под наслов „Интегрирање содржини од зелена хемија и одржливост во хемиското образование“ беше изработен со коавторска соработка со проф. д-р Марина Стојановска, вонреден професор, на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет. Во трудот беа презентирани и обработени поглавја од одржлив развој, како и активности спроведени во периодот април-мај 2023 со минатогодишните и сегашни полуматуранти. Активностите беа имплементирани во неговата кампања во проектот „Еxploring Nature Based Solutions in classroom“ креиран од European Schoolnet Academy под наслов „Green management for green future“. Кампањата допринесе за негов избор во престижно звање Scientix Ambassador во периодот од 1 мај 2023 до 31 декември 2024. |