Еко работилница „Од семе до растение“

Учениците од 1в одделение заедно со нивните одделенски наставнички Надица Чапараткова и Мартина Трајковска учествуваа на Еко работилницата на тема „Од семе до растение“.
На Еко работилницата учениците имаа активности од забавен карактер, како и следеа предавање соодветно прилагодено на возраста на учениците за начинот и постапката за садење на растенијата, но и за нивно одржување. Потоа секој од учениците засади по едно растение за кое ќе бидат одговорни и ќе го следат неговото растење.