Меѓународен ден на детето

Овогодинешното мото на одбележување на Меѓународниот ден на детето е „ИНКЛУЗИЈА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ“. Нашето училиште традиционално со голем број активности го одбележа 20 Ноември, Меѓународниот ден на детето. Учениците од шесто и осмо одделение под менторство на наставничките Елена Јовановиќ и Тамара Алаџајкова учествуваа во „Игри без граници“. Низ игра учениците сфатија што значи соработка, помагање и заедништво. Учениците од осмо одделение учествуваа во организација и водење на настанот, а истиот го збогатија со читање на есеи на тема „И јас сум дете“.